10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Државата Хрватска е против одлуката на судот истополовите бракови да посвојуваат деца

Државата Хрватска ќе се жали на одлуката на Управниот суд, според која истополовите партнери имаат право да посвојуваат деца, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Министерството за труд, семејство и социјална политика ќе се жали на одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на тој оддел, затоа што на животните партнери Иво Шегота и Младен Кочиќ не им е објаснето зошто не е во интерес на децата да се доделуваат статусот на посвоители.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тие, како и досега, ќе ја следат секоја конечна пресуда.

Посвојувањето деца од геј-парови ја подели Европа. Либералната Западна Европа законски го овозможи тоа во последните десет години, а на истокот, традиционалистичките движења во неколку земји успеаја да утврдат во уставот дека бракот е пред сè институција која ги легализира машко-женските односи и на тој начин забранува истополови бракови и посвојување деца.

Како што пренесува „Јутарњи лист“, во просек 76 проценти од граѓаните на ЕУ сметаат дека хомосексуалците и лезбијките треба да ги имаат истите права како и другите граѓани, се вели во истражувањето на Евробарометар за 2019 година.

Ова е зголемување од осум проценти во споредба со 2015 година, со голем јаз во Европа – 98 проценти во Шведска и 38 проценти во Романија.

Хрватска е поблиску до посиромашните соседи, со само 44 проценти од граѓаните кои сметаат дека хомосексуалците треба да ги уживаат истите права како и хетеросексуалните граѓани.

Спонзорирано: