21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во ЕУ и да ги продолжи пристапните преговори со Албанија, вели комесарот за проширување Оливер Вархели, во интервју за Еуроњуз.

Иако понудите за преговори за членство во ЕУ отсекогаш биле заедно за двете земји, сепак би можело да дојде до измени на процесите, додава Вархеји.

„Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за заемно согласно решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“, рече тој.

На прашањето дали формално „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Можеби е опција, да“.

Оваа можност за раздвојување на преговорите со двете земји Вархеји ја најави и за време на посетата на Скопје.

За разлика од Вархеји, некои земји членки на ЕУ како Германија и Австрија се против можноста да се разделат преговорите, поради бугарската блокада кон Скопје.

Спонзорирано: