25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

„Твитер“ го укина профилот што пренесуваше коментари на Трамп

Социјалната мрежа „Твитер“ го суспендира профилот на лицето кое поставуваше објави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од новата платформа за комуникација.

Авторот на налогот тврди дека твитнал во име на Трамп, објави Би-би-си.

Портпаролот на „Твитер“ изјави дека налогот @JTDesk ги прекршил нивните правила споделувајќи содржина поврзана со трајно избришан профил, во овој случај профилот на Доналд Трамп, кој беше прекинат по немирите во Капитол во Вашингтон на 6 јануари, кога беа убиени пет лица.

Би-би-си додава дека нивните новинари пронашле слични профили кои сè уште се активни на „Твитер“.

Во вторникот, Трамп ја лансираше својата платформа наречена „Од бирото на Доналд Трамп“.

Спонзорирано: