3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Компанија поддржана од фондацијата на Гејтс пуштила 150.000 генетички модифицирани комарци во природата

Планот за пуштање илјадници генетски модифицирани комарци во борба против заразата во Флорида Кис предизвика загриженост кај локалното население.

Предводен од Комитетот за контрола на комарците во Флорида Кис (FCMCD) и британската биотехнолошка компанија „Окситек“, која е поддржана од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, проектот има цел да ги ослободи првите роеви генетски модифицирани инсекти во Флорида Кис оваа недела, се вели во заедничкото соопштение.

Според планот, првата фаза вклучува инсталирање кутии за комарци на шест локации, од кои приближно 144.000 комарци од видот Aedes aegypti ќе бидат ослободени за 12 недели. Тоа е вид што е најтесно поврзан со пренесување заразни болести, како што се денга, зика и жолта треска.

Ако се одвива според планот, машките комарци (кои не касаат) ќе се парат со локални женки (кои касаат), а нивните потомци се програмирани да умрат и ова наводно ќе помогне во контролата на популацијата на овој вид комарец и во намалувањето на ширењето на болеста.

Иако овој вид комарец сочинува само 4 проценти од вкупното население во Флорида Кис, тој стои зад речиси сите болести што се пренесуваат на луѓето, како и некои што се пренесуваат на животни, како што е срцевиот црв, наведува „Окситек“.

Проектот, одобрен од Агенцијата за заштита на животната средина, има цел и намалување на употребата на пестициди, кои може да бидат штетни за локалниот див свет. Сепак, додека „Окситек“ го претстави ова како голема предност, одборот за контрола на комарците досега не даде индикации за какви било планови за намалување на употребата на пестициди.

Компанијата исто така тврди дека јавната поддршка за планот останува висока иако локалното население е крајно скептично.

„Можеби не сме научници, но можеме да читаме. А она што го вели ‘Окситек’ и она што го читаме од други извори се две сосема спротивни работи. „Ве молам, ве молам, веднаш да преземете мерки и да разгледате резолуција против оваа технологија“, рече загрижената жителка Меган Хал на состанокот во март на селскиот совет.

Друга жителка рече дека е многу загрижена за планот што се спроведува посочувајќи на ризикот дека генетски модифицираните женски комарци може да каснат некого.

Комитетот за контрола на комарците, сепак, инсистира на потребата да се подобрат контролите за отпорност на пестициди, кои се развиваат кај инсекти што пренесуваат болести, велејќи дека проектот на „Окситек“ може да обезбеди нови алатки, кои се безбедни, еколошки и насочени.

На „Окситек“ не му се туѓи генетски модифицираните инсекти бидејќи веќе испушти повеќе од милијарда бубачки во Јужна Америка и на Карибите како 27-месечен експеримент во Бразил во 2013 година, кој се обиде да ја намали локалната популација на комарци за 90 проценти на ист начин како и планирано сега во Флорида Кис. Сепак, „Окситек“ се најде на удар во 2019 година кога истражувачите објавија студија во која се наведува дека инсектите се размножуваат откривајќи дека до 60 проценти од анализираните комарци содржат траги на модифицирани гени.

Спонзорирано: