24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија протера дипломати од европските земји, кои покажаа солидарност со Чешка

Русија денес најави протерување на седум дипломати од четири земји на Европската Унија, кои неодамна протераа руски дипломати во знак на солидарност со Чешка поради шпионската афера.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека тројца словачки дипломати, двајца литвански и по еден од Естонија и Летонија набргу ќе мора да ја напуштат Русија осудувајќи ја „лажната солидарност“ со Прага.

Министерството ги обвини балтичките земји дека имаат „непријателски“ став кон Русија и „псевдосолидарност“ со Прага.

Минатата недела чешката влада ја обвини руската тајна служба за предизвикување експлозија во складиште за муниција во 2014 година кога беа убиени две лица. Прага протера 18 руски дипломати поради шпионажа.

Москва одговори со барање 20 чешки дипломати да ја напуштат нејзината територија, а Словачка, Романија и балтичките земји најавија протерување руски дипломати во знак на солидарност со Прага.

Рускиот претседател, Владимир Путин, во понеделникот ги нарече апсурдни обвинувањата на Прага.