17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Бретон: 12 членки на ЕУ ќе вакцинираат 70 отсто од населението до средината на јули

Најмалку 12 од 27 земји членки на Европската Унија објавија дека се убедени дека ќе можат да вакцинираат 70% од возрасната популација до средината на јули, изјави денеска шефот на работната група на извршната служба на ЕУ за вакцини, Тиери Бретон.

Европската комисија постави цел да имунизира 70% од возрасната популација на ЕУ до крајот на летото, врз основа на зголемувањето на испораките на вакцини со цел да се забрза процесот на вакцинација, објави „Ројтерс“

„Убедени сме дека ќе можеме да испорачаме доволно дози, но исто така е точно дека на земјите членки е да се организираат“, истакна Бретон.

Минатонеделното соопштение дека земјите од ЕУ ќе примат 50 милиони дози повеќе вакцини произведени од „Фајзер“ и „Бионтек“ овој квартал, им дадоа на Владите дополнителни гаранции дека целите ќе бидат исполнети, рече Бретон.

Спонзорирано: