20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Германија најголем број новозаразени од Ковид-19 досега

Во Германија се потврдени 29.426 нови случаи на заразени од коронавирус, што е најголемо дневно зголемување од 8 јануари, а владата сака да воведе поостри мерки за спречување на третиот бран на пандемијата, пишуваат германските медиуми.

Седумдневниот просечен број на новозаразени на 100.000 жители се искачи на 160,1, според податоците на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Германија се бори со таков вид коронавирус кој се шири побргу, и тоа пет месеци пред парламентарните избори, на кои се очекува помала поддршка за владејачките конзервативци на Ангела Меркел отколку на претходните избори.

Канцеларката Меркел посакува парламентот привремено да ѝ додели на сојузната влада можност за воведување блокада во области со голем број заразени лица бидејќи некои региони не сакаат да воведат построги ограничувања.

Вицеканцеларот Олаф Шолц во четвртокот ги бранеше измените на Законот за заштита на болестите, кои вклучуваат воведување полициски час кога седумдневната инциденца го надминува бројот на сто случаи на 100.000 жители.

„Ова помогна насекаде, беше направено во многу земји во светот и ја намали стапката на инциденца“, рече тој додавајќи дека треба да се стори нешто за да се ограничи ширењето на вирусот.

„Ние сакаме да имаме строги правила“, истакна Шолц.