14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Млад човек во Германија паднал од балкон, бегајќи од ковид-контрола

Еден млад човек во Германија се здоби со сериозни повреди откако падна од балкон на четвртиот кат, обидувајќи се да ја избегне казната поради собирање во услови на Ковид-19, соопшти денеска полицијата.

22-годишникот бил меѓу четворицата млади момчиња кои се состанале на забава во еден стан во Северна Рајна-Вестфалија, во петокот.

Откако сосед повикал полиција, двајца побегнале и се скриле на балконот кога полицајците заѕвониле на вратата.

Додека сопственикот разговарал со двајца мажи во станот, 22-годишникот паднал, веројатно додека се обидувал да се искачи на соседниот балкон.

Тој бил тешко повреден и пренесен во болница.

Спонзорирано: