25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Имаме ослободување на судството, секој денар е на увид, медиумите слободно истражуваат – и тоа е борба против корупцијата

Извештајот на Стејт департментот покажува сериозни успеси, конкретно, таксативно наведени и тоа, за ослободување на правосудството, за ефикасноста на правосудството, за транспарентноста, рече премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека се бориме против корупцијата, за да имаме правичен систем, за да привлечеме домашни и странски инвестиции, сите сакаат правда, еднаква за сите.

Правото е императив, нагласи Заев, додавајќи дека се добредојдени сугестиите од Стејт департментот, но американски компании се тука, разговараме со една голема американска компанија за инвестиција во Битола, тука е ДУРА и КФЦ ги одгледува пилињата за овде, но и за целиот регион, и тие се среќни и тоа треба само да расте.

Се трудиме да учиме од Транспаренси интернешенал и од Стејт департментот и сакаме да бидеме уште подобри, порача премиерот Заев.

Спонзорирано: