7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

“Корона” протест на ВМРО ДПМНЕ: Ќе прават групирање среде пандемија, а протестираат затоа што имало многу заразени

ВМРО ДПМНЕ утре повика на протест против Филипче пред министерството за здравство. Најинтересен е фактот што ВМРО ДПМНЕ утре ќе се групира, а ќе протестира затоа што има многу заразени.

Сите анализи покажуваат дека заразата се шири од групирања и непочитување на мерките, но ВМРО ДПМНЕ утре ќе прави собир.

-Единствена држава сме во светот која има добиено повеќе вакцини од донации, отколку што набавила. Да не беа донациите од Србија, немаше да можат ниту лекарите и медицинскиот персонал од КОВИД центрите да се вакцинираат. Провизиите ги ставија на прво место, а здравјето на граѓаните не им е ниту на ум, рече Оливер Зафировски од ВМРО ДПМНЕ, кој повика на “корона” протест пред министерството за здравство, утре сабота во 11:30 часот. Да го измиеме срамот на Филипче. Оставка веднаш, за тоа има 3.800 причини, рекол Зафировски.