27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Велика Британија ја одобрува вакцината на „Новавакс“ во април

Велика Британија следниот месец може да ја одобри вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“, изјави Пол Хит, шеф на истражувачкиот тим на „Новавакс“.

„Регулаторот ќе изврши многу детален и темелен преглед и ние ќе одлучиме навреме“, рече професорот Хит.

„Се надевам дека ќе биде напролет, можеби на крајот на април“, додаде тој.

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“ развива вакцина што користи протеини од коронавирусот за да предизвика имунолошка реакција, со метод сличен на веќе одобрените вакцини против херпес зостер.