17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Опасно по живот: ВМРО ДПМНЕ протестира против здравјето на граѓаните

Иако опозициската ВМРО ДПМНЕ излезе на протести да повика на здравје, на поголема одговорност на здравствените власти во пандемијата, на крајот испадна како да протестирале против здравјето. Неколку десетици граѓани, во големи групи, без почитување дистанца, некои и без маски, се придружија на протестот. Додека членството ги слушаше говорниците како им зборуваат за негрижа и несовесност на надлежните, во исто време сите присутни го загрозуваа јавното здравје.

Демонстрантите еден до друг без растојание, се фотографираат во групи за да објават на социјални мрежи, маските повремено ги имаат, повремено ги немаат, но важно е дека сите биле дојдени да испратат порака за оставки и одговоност, а кој е одговорен за тоа што нив ги собрал во голема група и ги направил лесна мета за вирусот не ни прашаа, ниту пак им е важно.

И додека Мицкоски драматизира со објави дека немало да прими попишувач ниту во двор, оти се плашел дека ќе го заразат, тој со умисла си организираше партиски протест и ги изложи сопартијците на закана од вирусот, за нив не му е страв дали ќе се вирусаат. Поважно му е да го подрива здравствениот систем и полесно е кога само повикуваш на одговорност, а никогаш не ја гледаш својата. А денеска ВМРО ДПМНЕ има одговорност за загрозување на јавното здравје.

Никој не може на политичка партија да и забрани да протестира, но кога веќе решиле да излезат надвор во време на пандемија, очекувано е од сериозен политички субјект да ги преземе сите мерки за заштита, за да може да критикува дека некој друг, од друга политичка партија, не се грижи за здравјето. Вака излегува дека отишле да протестираат за здравје, ама патем и го загрозиле истото.

Или, наместо за здравје како да протестирале против здравје. ВМРО ДПМНЕ има обичај секој ден да ги брои починатите од ковид, да ја нагласува бројката со новозаразени, да ги обвинува здравствените власти за неспособност.. Ама при тоа секогаш заборава колкава е нивната одговорност во сето тоа. Се виде денеска, по кој знае кој пат.