17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Хипокризија – ВМРО ДПМНЕ протестира за здравје ама истовремено и го загрозува

Две во едно, додека протестираат за здравје истовремено се потенцијална опасност за ширење на вирусот. ВМРО ДПМНЕ излезе на протест да повика на одговорност за здравствената криза, а тие самите се одговорни што масовно се групираат, некои не носат маски, непочитуваат дистанца… ВМРО ДПМНЕ и покажа на јавноста дека не ги почитува основните три мерки за заштита од вирусот.

И додека тие како бројна група се можен кластер за вирусот, без срам и без грижа кон заразените пациенти, под чии прозорци се одржа партискиот собир, излегуваа на бината и зборуваа како треба граѓаните да бидат заштитени, како треба да се преземат мерки за побрзо вакцинирање и спречување на пандемијата, како не било направено доволно за поголема безбедност… А, тие, не ги почитуваат основните мерки за заштита во своите редови.

А, на само неколку чекори од говорниците, кои вината ја истурија врз власта, демонстрантите на дело покажаа како придонесуваат во загрозување на јавното здравје. Ама за новното однесување и нивната вина немаше ниту еден збор, од ниту еден говорник. За да биде уште пострашно, или за да се увери подобро јавноста во несовесното политичко делување на опозицијата, демонстрантите во текот на целиот ден споделуваат фотографии на социјалните медиуми на кои се гледаат поголеми групи кои не почитуваат мерки.

Како сега Мицкоски ќе ги правда аргументите дека нема да прими попишувач ниту во дворот, кој патем ќе биде целосно заштитен со опрема, кога тој не покажува грижа прво за здравјето неговите партиски приврзаници и ги групира за да станат извор на зараза. Истата хипокризија му се случи и на пратеникот Антонијо Милошоски, кој објави дека нема да примел попишувач дома што не е вакциниран. Истио тој деновиве гостува по телевизиски студија и останува со водителот и гостинот два пати подолго од времето потребно за попис. Патем, во телевизиските емисии сите присутни не носат маски, никој не е вакциниран и се на помала дистанца едни од други од онаа на која би бил Милошоски од попишувачот.

И сега што е поважно за ВМРО ДПМНЕ – дали пораката што ја испратија кон власта од протестот, која патем имаше иста содржина како многу претходни настапи и прес конференции на ВМРО ДПМНЕ или пак, дека нивните демонстранти со непочитување мерки може да се потенцијална закана за јавното здравје? Познато е дека опозициската партија цела пандемија ја користи за политичко профитерство, со лажни обвинувања, со креирање лажни вести, со заплашување на граѓаните, со постојано омаловажување…

Денеска партијата на Мицкоски не покажа ниту грам совест и грижа за јавното здравје, дојдоа да протестираат во дворот на хоспитализираните ковид пациенти, каде медицинските работници цела година го ризикуваат животот и своето здравје за да ги заштитат другите. Ама и ова за нив не е важно, исто како што не беше важно да се заштитат демонстрантите.