16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Самохрана мајка од Теарце која прележала Ковид 19 на 38 години почина од тромб

Самохрана мајка од Теарце починала вчера на 38-годфишна возраст, а информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели пратеникот Влатко Ѓорчев.

Неофицијално, жената починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите, напиша Ѓорчев на фејсбук.

„Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца.

Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе, вели Ѓорчев.

Спонзорирано: