19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Белата куќа потврди: Ние ги чуваме резервите на „Астра зенека“ за Американците

Соединетите Американски Држави чуваат резерва дози од вакцината на „Астра зенека“, така што вакцината може бргу да им се дистрибуира на Американците веднаш штом добијат одобрение од американскиот медицински регулатор, изјави висок претставник на Белата куќа, пишуваат американските агенции.

„Астра зенека“ произведе дози од својата вакцина во САД, кои допрва треба да бидат одобрени. Вакцината, изработена во соработка со „Оксфорд“, е одобрена за употреба во Европската Унија и голем број земји, анализираат медиумите.

Американски официјални лица ѝ кажаа на ЕУ да не очекува набргу испорака на вакцини од САД, објави „Ројтерс“.

„Имаме мали резерви на ‘Астра зенека’, па ако биде одобрена, можеме да им ги дистрибуираме вакцините на Американците“, изјави денеска координаторот на Белата куќа за борба против Ковид-19.

Медиумите во оваа земја неделава објавија дека десетици милиони дози вакцина на „Астра зенека“ се веќе произведени во САД и се наоѓаат во производствени капацитети.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека администрацијата првин ќе им дистрибуира вакцини против коронавирус на Американците, но ќе го сподели целиот вишок со светот.

Спонзорирано: