25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Од среда Словачка ги заострува рестриктивните мерки против Ковид-19

Словачката влада ќе ги заостри рестриктивните мерки против коронавирусот, вклучително и оние кои го ограничуваат движењето, поради зголемувањето на бројот на новоинфицирани лица од 3 март, информираат официјалните служби.

Владата на премиерот Игор Матовиќ објави детали за новите мерки по повеќедневни дискусии со експерти, додека Словачка има најлош број на новоинфицирани со Ковид-19 во светот.

Од среда, Словаците ќе можат да се движат од 8 до 13 часот, само на работа или на лекар, а исклучоци од ограниченото движење можат да бидат само од 17 до 20 часот. Оние кои можат да работат од дома мора да го сторат тоа, пишува Ројтерс.

Од 8 март жителите ќе можат да влегуваат само во јавен превоз или продавници со заштитни маски FFP 2 со вентил.

Предучилишните и пониските одделенија во училиштата ќе работат само за деца чии родители не можат да работат од дома.

Доколку овие ограничувачки мерки не го намалат бројот на нови инфекции до 21 март, владата планира уште построги ограничувања на движењето, вклучително и затворање на компании и граници, објавија локалните медиуми.