17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Фон дер Лајен: Предлогот за ковид-пасоши ќе биде претставен во март

Европската комисија во март ќе претстави предлог за дигитални пасоши за вакцинација против Ковид-19, што може да биде еден од условите за слободно патување низ Европската Унија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Што се однесува до тоа како може да изгледаат дигиталните „зелени“ пасоши, ќе размислиме. Ќе претставиме предлог-закон како би можел да изгледа”, рече Фон дер Лајен за време на видеоповик со германските конзервативни пратеници.

Лидерите на Европската Унија во петокот го поддржаа воведувањето дигитални сертификати за влез во земјите членки и отворањето на општеството по пандемијата.