21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Даниловски: За да се дојде до вакцини мора да се излобира на сите страни

Mора да се употребат сите средства за да се дојде до вакцина против Ковид-19, сите методи, да се излобира на сите страни за да се дојде до вакцина против Ковид-19, изјави eпидемиологот Драган Даниловски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Според него, очигледно е оти сиромашните земји, меѓу кои сме и ние, се оставени на цедило и затоа земјава е се уште во фаза на чекање на вакцините.

– Јас не сакам да шпекулирам ама секогаш вакви катастрофи можат да бидат интересна почва за исполнување на некои геостратешки цели. Значи евентуално ако некој сака да манипулира во таа смисла, тогаш недостигот на вакцини може да биде многу интересен за постигнување на цели на некои подмолни сили заинитересирани за ова подрачје, рече Даниловски.

Тој смета дека ако се продолжи со сегашното темпо на природен начин и без вакцини, до летоска, или до есен, во земјава ќе се стекне колективен имунитет што ќе овозможи опаѓање на бројките. Тој преглага во текот на неделата да има олабавување на мерките, а за викендите целосен локдаун.

Даниловски смета дека вакциналните пасоши се кршење на човековите права без преседан.

– Сметам дека нема да дојде до такво нешто односно и да се воведе како алтернативна опција или можност би можело да остане поседување на негативен ПСР тест, нагласи Даниловски.

Спонзорирано: