10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Беспилотни летала во Шкотска превезуваат тестови за Ковид-19

Во Шкотска, во областа Аргиле и островот Бут, беспилотни летала се користат за првпат во Велика Британија да носат примероци и тестови за Ковид-19 и друг медицински материјал, пренесува Би-би-си.

Би-би-си наведува дека по тестирањето во текот на минатата година, овој проект е проширен, а медицинскиот товар сега се транспортира на растојание од 64 километри и дека персоналот на Националната здравствена служба (НХС) има на на располагање и испорака со беспилотни летала, прва од ваков вид во Велика Британија.

Беспилотните летала можат да носат товар до три килограми и да ги поминуваат растојанијата побрзо отколку по патен или воден сообраќај во тој дел на Шкотска, а операторот на беспилотното летало „Скајпортс“ доби дозвола од Агенцијата за цивилно воздухопловство за овие летови, пренесува Би-би-си.

Спонзорирано: