13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Законски ќе се овозможи спроведување кампањи од јавен интерес, прва може да биде за вакцинацијата

Целта на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е да се овозможи емитување на кампањи од јавен интерес, за што е потребно да се смени членот 102. Кон овие измени може да се пристапи брзо со оглед на консензусот во општеството и поддршката на владината идеја од страна на Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии (ММА).

Токму од таму информираат дека, земајќи го предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на пандемија, ја подржуваат Владата во однос на нивната иницијатива за измена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери.

„Земајќи ја предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од ковид-19, во смисла на држење дистанца, носење маски и слично, сметаме дека, како европската, така и домашната јавност мора на вистинит, но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести, интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух…“ – се наведува во известувањето од ММА.

Спонзорирано: