17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагичен крај: Момчето по кое трагаше цел Ниш пронајдено мртво

Голем број припадници на Српското Министерството за внатрешни работи веќе неколку дена трагаа по исчезнатото момче, а телото на момчето било пронајдено утрово од семеен пријател.

Јован В. (18), матурант од Ниш, кој исчезна во средата околу 23 часот, беше пронајден мртов денес во улицата Бранко Крсмановиша, потврдија пријатели на неговото семејство.

Телото на несреќното момче е пронајдено на градилиштето, а според информациите, било пронајдено од семеен пријател. Неговиот мобилен телефон и паричникот биле пронајдени на местото на несреќата.

Се претпоставува дека телото на тинејџерот било таму неколку дена, но дека било невозможно да се забележи поради грмушките што се наоѓаат во близина на овој објект.

Инаку, од четвртокот, голем број припадници на МВР трагаа по исчезнатиот Јован, но и граѓани кои се надеваа дека нивната потрага ќе заврши среќно.

На денот кога исчезнал, Јован попладнето бил во куќата на неговиот пријател, а потоа околу 21,30 часот ја повикал мајка му да ја праша дали може да му приреди роденденско изненадување на неговиот пријател.

“Очекував да дојде, и бидејќи го немаше, прво му испратив порака да дојде со такси бидејќи врне, а потоа му се јавив. Бидејќи тој не ми одговори, му се јавив на неговиот пријател кој ми рече тој тргнал накај дома, и дека прво ќе ја испрати својата другарка. ѝ се јавив и на неа околу 23 часот, таа ми рече дека тој оди накај дома “, рекла загрижената мајка Милица Ц, пред три дена и потоа додаде:

„Таа е од нас на само десетина минути, очекував да пристигне наскоро, но го немаше. Се обидував да го добијам цела ноќ, од четири часот утрово е недостапен“.

Мајката на Јован веднаш пријавила исчезнување во полиција, а целиот град набрзо бил покриен со постери со неговото лице.

Инаку, телефонот на Јован бил исклучен околу четири наутро, ноќта кога тој исчезна. Сигналот последен пат беше фатен на булеварот Немањиќ.

Спонзорирано: