13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Балашевиќ до вечното почивалиште го испратија тамбураши- Погребан со неговата омилена песна „Оливера“

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денес, на 21 февруари, на Градските гробишта во Нови Сад во кругот на семејството и најблиските пријатели, а до вечното почивање го придружуваа тамбураши со неговата омилена песна „Оливера“.

Синот на Балашевиќ, Алекс, пристигнал прв на гробиштата, а сите влезови на Градските гробишта биле затворени.

Сакајќи да се простат од ненадејно починатиот најстар член, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата.

Денешниот датум 21 февруари е прогласен за Ден на жалост на територијата на Нови Сад, одлучи градоначалникот Милош Вучевиќ.

“Ги исклучивме светлата во Градското собрание со цел да изразиме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, држава и регион”, рече Вучевиќ на Твитер.

Балашевиќ почина во петокот, 19 февруари, во Клиничкиот центар во Нови Сад на 67-годишна возраст, од пневмонија предизвикана од вирусот корона.

Собири по повод смртта на Балашевиќ се одржаа низ цела Хрватска, во Сараево, Црна Гора и Македонија, но и во Белград и Нови Сад.

Спонзорирано: