13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Се урна американски воен авион, загинале двајцата пилоти

Американската армија потврди дека двајца воени пилоти загинале во петокот кога се урнал авион за обука во близина на аеродромот во Алабама.

Агенцијата наведува дека воени службеници од воздухопловната база „Колумбос“ во американската сојузна држава Мисисипи потврдиле дека нивниот авион за обука Т-38 се урнал за време на обуката и дека двајцата пилоти во авионот загинале.

АП јавува дека авионот се урнал околу 17:30 часот по локално време во близина на аеродромот Монтгомери во сојузната држава Алабама, а имињата на настраданите пилоти нема да бидат објавени додека не бидат информирани нивните семејства.

Властите соопштија дека причината за несреќата сè уште не е позната и дека истрагата е во тек, пренесува агенцијата.