23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација/Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Девојче починало три дена откако било откриено дека има коронавирус

Деветгодишно девојче од Сан Антонио почина во сон само три дена откако се покажало дека има коронавирус, иако немало посериозни симптоми, пренесуваат американските медиуми.

Родителите на Мекензи Гонгора сакаат да ја предупредат јавноста дека Ковид-19 може да биде опасен и за децата.

Мајката ја однела Мекензи во болница на 29 јануари, откако им се пожалила на вработените во дневната соба за главоболки и болки во стомакот. Тие ѝ ја измериле температурата и рекле дека има покачена температура, а во болницата направиле тест за коронавирус и тој испаднал позитивен.

Во интервју за „Тудеј“, Ерика Гонгора, тетката на Мекензи, изјавила дека девојчето немало потешкотии со дишењето кога била испратена дома од военомедицинскиот центар „Брук“.

„Тие ѝ рекле на снаата да ја однесе дома, да ја покрие и да ѝ измери температура. Ако ѝ се покачи температурата или се појават нови симптоми, веднаш да биде пренесена во болница“, додаде тетката на девојчето.

Следните неколку дена симптомите биле благи, а на 1 февруари Мекензи се пожалила на болки во стомакот и замор. Таа си легнала порано, а во раните утрински часови на 2 февруари починала во сон.

Спонзорирано: