Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велес завиен во црно: Момче скокнало од мостот- претходно на Фејсбук ја најавил својата намера

Младо момче денеска скокнало од Железниот мост во Велес, соопштија повеќе медиуми, од кои дел јавија дека драмата завршила со трагичен крај. Момчето било најдено мртво.

Полициските екипи беа забележани на терен и според неофицијални информации вршат увид, но се уште нема официјални податоци за инцидентот.

Медиумите јавуваат дека на социјалните мрежи се појавиле шпекулации дека пред да скокне од мостот, наводно момчето објавило статус со кој наводно ја најавил својата намера.

За инцидентот засега нема официјална потврда од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК