12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Македонска докторка се вакцинирала во Србија – потребен ѝ бил само српски документ

Докторката Ирена Витановска со срспки документ и со пријавување од српски телефонски број вчера во Бујановац примила кинеска вакцина против Ковид-19, објави Сител.

-Сѐ беше организирано. Ме примија како доктор од Македонија и без проблем се вакцинирав, рече Витановска во изјава за Сител.

Појаснува дека дека без добиен код не може да се прими вакцинита. Во однос на постапката вели дека секој што има српски документ може да се вакцинира.

-Треба да има српски документ. Јас имам српски документ зашто порано работев во Србија. И така можев да се најавам од српски телефон преку мои роднини за Институтот Торлак да ме регистрира, вели Витановска.

Откако црногорските медиуми почнаа да објавуваат дека нивните граѓани можат да се вакцинираат во Србија доколку платат околу 70 евра за доза од вакцината на Синофарм, пристигна демант од српските здравствени власти. Советникот за медиуми во министерството за здравство, Златибор Лончар вели оти тоа е апсолутно неточно.

Спонзорирано: