9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

ЕУ размислува за забрана за извоз на вакцини во Велика Британија

Европската Унија може да го блокира извозот на милиони дози вакцини против коронавирусот во Велика Британија во наредните денови.

Тоа би бил одговор на Брисел на големиот недостиг на резерви на вакцини во земјите членки.

Кога англиско-шведската компанија „Астра зенека“ минатата недела објави дека ќе треба да ги намали испораките на својата вакцина за ЕУ ​​за 60 проценти во првиот квартал поради проблеми со производството, Европската комисија објави дека ќе воспостави нов механизам за авторизација, со што би им дала на националните регулатори овластување да одбијат извоз на вакцината.

Ова предизвикува загриженост дека ќе биде загрозен континуираниот прилив на вакцината на „Фајзер“ во Велика Британија, која нарача 40 милиони дози.

„Постои можност под одредени околности да не дозволиме извозот да се реализира“, рече еден официјален претставник.

Според анализата на компанијата Airfinty, доколку Велика Британија биде принудена да зависи само од вакцините произведени во земјата, постигнувањето имунитет, за кој е потребна имунизација на 75 % од населението, може да се одложи за речиси два месеца.

Како што се менуваат плановите за национална имунизација, „Астра зенека“ одбива да ги пренасочи дозите произведени во фабриките во Оксфорд и Стафордшир, а Брисел бара начини да обезбеди резерви, но властите велат дека се надеваат оти нема да има потреба да се забранува извоз на вакцини во Велика Британија, како, на пример, вакцината на „Фајзер“, произведена во Белгија.

Во Брисел велат дека одлуката на британската влада да го блокира извозот на одредени лекови против коронавирусот е причина Брисел да се заштити од акти на протекционизам во светот.

Спонзорирано: