14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Мери Бери: Луѓето не треба да се двоумат дали да примат вакцина против Ковид-19

Легендарната британска готвачка и ТВ-ѕвезда, Мери Бери, откри дека примила вакцина против коронавирусот и смета дека луѓето треба да го следат нејзиниот пример и да мислат и на другите.

Бери (85) деновиве откри дека таа и сопругот Пол (88) се вакцинирале и ќе ги охрабрат сите да го сторат тоа.

„Луѓето не треба да се двоумат во врска со вакцините генерално“, рече таа повикувајќи се на сопственото искуство од детството кога имала детска парализа.

„Ако сте биле во болница како што бев јас, со луѓе во агонија, со болка… Мислам дека сите треба да се вакцинираат“, рече таа за „Радио тајмс“. „Имав детска парализа, но сега речиси сите во светот се вакцинирани против тоа“, рече таа додавајќи дека имала огромна среќа што болеста ја погодила само левата страна на нејзиното тело.

Мери Бери е британска готвачка, авторка на кулинарски книги и телевизиска водителка. Има објавено повеќе од 75 книги за готвење, од кои најпозната е Baking Bible.

Спонзорирано: