3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Алжир стана првата африканска земја што ја одобри руската вакцина „Спутник 5“

Алжир е првата африканска земја што ја регистрира руската вакцина против коронавирус „Спутник 5“, се наведува во соопштението на официјалниот налог на вакцината на „Твитер“.

„Рускиот фонд за директни инвестиции ја најавува првата регистрација на ’Спутник 5’ во Африка. Министерството за фармацевтска индустрија на Алжир го регистрираше ’Спутник 5’ на 10 јануари“, се наведува во соопштението.

Според Министерството, вакцинирањето на населението во земјата се планира да започне во јануари.

Рускиот фонд за директни инвестиции изјави дека регистрацијата е извршена во забрзана постапка. Според слична постапка, вакцината „Спутник 5“ претходно беше регистрирана во Аргентина, Боливија и Србија.

Испораката на вакцини во Алжир ќе биде обезбедена благодарение на меѓународните партнери на Фондот во Индија, Кина, Јужна Кореја и други земји.

Генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев, изјави дека Фондот ја поздравува првата регистрација на вакцината „Спутник 5“ во Африка.

„Испораката на вакцината во Алжир ќе овозможи да се заштити здравјето на граѓаните на Алжир и да се обезбеди целосно економско закрепнување“, додаде тој.

На крајот на декември 2020 година беше објавено дека Алжир склучил договор за набавка на руската вакцина против коронавирус, „Спутник 5“ .

Вакцината „Спутник 5“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Спонзорирано: