14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 28 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 412 лица. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 136 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 102 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од МЗ.

Спонзорирано: