8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Латинска Америка започна масовна вакцинација

Мексико, Чиле и Костарика вчера започнаа масовни вакцинации против новиот коронавирус со првата доза на вакцини од „Фајзер и БионТех“, а Аргентина ги вакцинира граѓаните со првата доза на контроверзната руска вакцина „Спутник V“.

Медицинскиот персонал што е во првите редови во борбата против Ковид-19 во Мексико и Чиле меѓу првите што ја примија вакцината. Костарика ја започна својата програма за имунизација, а претседателот Карлос Алварадо го поздрави „она што може да биде почеток на крајот на оваа пандемија“.

Сепак, глобалниот оптимизам се намали бидејќи Кина и Бразил се приклучија на серијата од повеќе од 50 влади кои ограничија летови од Велика Британија или патувања со авион во двете насоки, откако таму за првпат беше потврден многу заразен вид коронавирус.

Илјадници камиони останаа блокирани во главното британско пристаниште, а Франција испрати 10.000 тестови на возачите пред да им дозволи да го преминат каналот.

И покрај новиот вид, за кој британскиот премиер Борис Џонсон рече дека „се пренесува до 70 проценти побрзо“ од првичниот коронавирус, Велика Британија рече дека железничките и поморските врски со Франција ќе останат отворени за време на Божиќ.

Мексико го следи почетокот на вакцинацијата на населението преку телевизија откако ги прими првите 3.000 дози вакцини на „Фајзер и БионТех“ од Белгија.

„ Тоа е најдобриот подарок што можев да го добијам во 2020 година“, рече 59-годишната мексиканска медицинска сестра, Марија Ајрин Рамирез.

Мексико регистрира повеќе од 120.000 смртни случаи од ковид-19, и е четврта земја во светот по бројот на смртни случаи по САД, Бразил и Индија.

Спонзорирано: