11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

СЗО доби информации за новата варијанта на коронавирусот: Што сѐ е познато за мутацијата?

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е во близок контакт со властите во Велика Британија по појавата на новата варијанта на коронавирусот, јавува Би-Би-Си.

Овој вид, кој се појави во јужните делови на Англија се шири многу побрзо, но се верува оти е помалку смртоносен.

Голем дел од југоисточна Англија, вклучително и Лондон се во нови рестрикции за да се намали и ширењето на вирусот.

Засега нема докази дека новата варијанта на ковид-19 ќе реагира различно на вакцините.

Холандија забрани комерцијални летови од Велика Британија поради новата варијанта. Забраната ќе биде во сила до Нова година.

Што е познато за новата варијанта на ковид-19?

Здравствените власти во Британија споделија информации од истражувањта на мутацијата. СЗО ќе ги сподели своите сознанија со земјите и јавноста откако ќе се дознаат повеќе карактеристики на новата варијанта.

Иако постои значителна несигурност, премиерот Борис Јонсон вели дека новата мутација може да биде до 70 отсто попренослива од старата.

Но, властите велат дека засега нема докази кои укажуваат на тоа оти новата варијанта предизвикува повисока стапка на смртност или дека поинаку влијае на вакцините и третманите.

-Мислам дека ова е ситуација што ќе ги влоши работите. Но некои работи навистина се оптимистички, особено ако се види дека откако ќе ја извадиме вакцината – таа да работи против оваа мутација, што во моментот е работна претпоставка, изјави главниот медицински офицер во Англија, проф Крис Вити.

Поради новата варијанта пропадна планираното релаксирање на рестрикциите кои требаше да им овозможи на домаќинствата да се мешаат меѓу себе за време на Божиќ. Оваа идеја е отфрлена во југоисточна Англија, и под рестрикции ќе бидат речиси 18 милиони луѓе.