20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСПОРТ

Познатиот кошаркарски тренер Марјан Лазовски почина од Ковид-19

Еден од најпознатите македонски кошаркарски тренери Марјан Лазовски почина денеска на 58 години од последиците на Ковид-19. Лазовски пред една недела бил пренесен во болница и починал откако денеска нагло му се влошила состојбата.

Лазовски играше во МЗТ Скопје и во Вардар, но уште позначајна трага во македонската кошарка остави како тренер и селектор.

Тој прв однесе една млада селекција на европско првенство и беше помошник на селекторот Марин Докузовски кога македонската кошарка го оствари својот најголем успех – четвртото место на машката репрезентација на Европското првенство во Литванија во 2011 година.

Тој го предводеше националниот тим во квалификациите за Олимписки игри во 2012.

Лазовски водеше и низа домашни екипи, како МЗТ, Пелистер, Торус и Работнички. Во последните години се посвети на работата со младите играчи и беше селектор на женската репрезентација на Македонија.