29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Путин му е забрането да присуствува на Олимписките игри

Спортскиот арбитражен суд му забрани на рускиот претседател, Владимир Путин, да присуствува на Олимписките и Параолимписките игри и Светските првенства на две години. Забраната на судот се однесува на „претставниците на руската влада“.

Според посебен став на одлуката, претставници на владата се „заменик-министри, министри, вицепремиери, премиери и претседатели на Руската Федерација“. Единствениот начин Путин да присуствува на Олимписките игри е претседателот или врвот на земјата домаќин да го покани како специјален гостин. Како што известува „Раша тудеј“, во забраната за присуство има исклучок во случајот „ако претставникот на Владата на Русија е поканет од врвот на земјата домаќин како специјален гостин“.

Значи, ако кинескиот претседател Шји Џјинпинг го покани Путин на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, Путин би можел да дојде.

Спортскиот арбитражен суд во четвртокот застана на страната на Светската антидопинг агенција (ВАДА) во спорот со Руската антидопинг агенција (РУСАДА) – руските спортисти нема да можат да се натпреваруваат на големи меѓународни натпревари под руско знаме до 16 декември 2022 година. Покрај тоа, РУСАДА е должна да ѝ исплати на агенцијата ВАДА износ од 1,27 милиони долари како надомест за трошоците што ВАДА ги имаше од јануари 2019 година до датумот на одлуката. Забележано е дека претставниците на Владата на Русија нема да можат да добијат акредитација, како и да присуствуваат на светските првенства во разни спортови.

Ограничувањата не се однесуваат на службени лица кои се членови на Меѓународниот олимписки комитет или добиле покана за натпреварување од шефот на државата на чија територија се одржува настанот. Исто така, ограничувањата не се однесуваат на службени лица кои се спортисти и кои пристигнале на натпреварот како учесници.