17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Бил Гејтс: Постои можност за нова пандемија за 10 или 15 години

На поткастот на писателката Рашида Џонс, Бил Гејтс коментираше за подготвеноста на светот за идни пандемии и со какви предизвици ќе се соочи човештвото тогаш.

Основачот на „Мајкрософт“ и порано го предупредуваше светот дека може да се случи ваква пандемија, а сега ја истакна својата визија за светот по ерата на Ковид-19. Гејтс верува дека би можеле да имаме друга глобална пандемија.

„Да, но се надевам за 20 години. Но, мора да бидеме подготвени за нова пандемија и за три години”, рече Гејтс.

„Постои разумна веројатност светот да се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години“, додаде тој.

Гејтс верува дека елиминирањето на вирусот нема да доведе до враќање на животот каков што беше пред пандемијата. Тој верува дека работните навики се променија засекогаш откако многу луѓе во оваа пандемија искусија да работат од дома.

„Мислам дека повеќе од 50% од службените патувања и над 30% од деновите поминати во канцеларија ќе исчезнат. Ние ќе продолжиме да одиме во канцеларии и на службени патувања, но во многу помала мера”, рече Гејтс.