13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Русија рекорден број новозаболени од коронавирус

Во Русија 27.543 лица се разболеа од коронавирус, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, објави Центарот за борба против коронавирусот.

Во истиот период, 496 лица починале од вирусот, пренесува TАСС.

Од почетокот на пандемијата во Русија 2.215.533 лица се разболеле од Ковид-19, починале 38.558, а повеќето случаи се во регионот на Москва.

Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата во Русија 77,3 проценти од пациентите закрепнале од коронавирусот.

Спонзорирано: