3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела.

Во разговор со американските трупи во странство преку видеоврска, како дел од прославата на Денот на благодарноста, Трамп рече дека вакцината првично ќе им биде испратена на луѓето во првите редови во борбата против пандемијата, медицинскиот персонал и постарите граѓани.

Трамп има ветено дека до крајот на годината ќе бидат произведени 100 милиони дози вакцина против Ковид-19 и доволно за вакцинирање 330 милиони Американци до април 2021 година.