14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца полицајци претепаа маж во Франција

Французинот Мишел Зеклер бара правда, откако беа објавени видеа на кои се гледа дека неколку полицајци го тепаат без очигледна причина. Неколку вооружени полицајци го тепале неколку пати, користејќи палка и солзавец.

„Сакам да разберам зошто бев нападнат од луѓе кои носеа полициски униформи. Всушност, сакам правда затоа што верувам во правдата на мојата земја”, изјави Зеклер за АП, додавајќи дека се чувствува добро сега кога излезе вистината на видело.

Тој рече дека полицијата го навредувала и дека користела „силни расистички епитети“. Зеклер, кој се здоби со повреди на главата, подлактицата и ногата, рече дека сè уште не разбира зошто полицијата сака да го уапси.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен претходно нареди суспензија на полицајците.

Видеото, кое прво го објави веб-страницата Лупсајдер, го прикажува насилното апсење на Заклер, инаку музички продуцент. На снимката, собрана од АП од безбедносните камери во неговото музичко студио и оние направени од соседите, се гледа како тројца полицајци го следат Зеклер до студиото, каде постојано го тепаат со палка.

Полицијата повикала засилување и фрлила солзавец во студиото за да ги истера луѓето, објави АП, повикувајќи се на Лупсајдер, а наводно биле претепани уште девет лица кои биле во студиото. Инцидентот се случил во време кога француската влада се обидуваше да донесе закон за забрана на полициско снимање, што предизвика протести од либералните граѓански групи и новинарите, кои проценија дека законот ќе овозможи полициската бруталност да остане незабележана и неказнета.

Спонзорирано: