14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Шкотската премиерка: В година сакаме нов референдум за независност

Шкотската премиерка Никола Старџен се залага за одржување нов референдум за независност в година, објави „Тајмс“.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), која се залага за независност на Шкотска, рече дека претпоставува оти гласањето ќе се одржи во најраниот период од мандатот на новиот шкотски парламент, кој почнува в година, пренесува „Ројтерс“.

„Шкотска треба да има шанса да избере дали ќе стане независна порано отколку подоцна“, рече таа за „ИТВ бордер“.

На референдумот во 2014 година 55 % од Шкотланѓаните гласаа против независноста, но брегзитот и начинот на кој британската влада управува со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 доведоа до посилна поддршка на независноста во Шкотска, покажуваат најновите анкети.

Изборите за шкотскиот парламент се одржуваат во мај и се очекува дека СНП ќе забележи добар резултат.

Спонзорирано: