27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Словенија 1.609 новозаразени, 48 починати и рекорден број хоспитализирани

Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 1.609 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починаа. Исто така, евидентиран е рекорден број хоспитализирани пациенти.

Тестирани се 6.587 лица, што значи дека стапката на позитивност е 24,4 проценти, пренесува СТА.

Хоспитализирани се 1.324 пациенти, а бројот на оние што се на интензивна нега е 206. Во исто време 98 лица се отпуштени од болници.

Од почетокот на пандемијата 72.662 лица биле заразени, а 1.293 пациенти починале.