24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пријавени повеќе од 44.000 нови случаи на Ковид-19 во Индија

Индија забележа 44.059 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што досега во земјата се заразени вкупно 9,14 милиони луѓе, според последните податоци на Министерството за здравство.

Индија е на второ место во светот по бројот на инфекции со Ковид-19, по САД, иако дневната стапка на раст на Индија опадна кога го достигна врвот во септември.

Дневниот број на нови случаи повеќе од две недели е речиси 50 илјади. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за 511, според Министерството за здравство, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирус во земјата е 133.738.

Спонзорирано: