-2 C
Скопје
17. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги деградира здравствените работници

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните поради дневно партиски цели. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од почетокот на пандемијата па до сега не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Според нив, „партијата предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот“.

„Наместо конструктивни решенија, ВМРО-ДПМНЕ прави мрачни перформанси, на кои се подбива со нескреќата на граѓаните и ги навредува здравствените работници. Осум месеци граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје нека не се чудат зошто се во опозиција, уште долго ќе останат таму“, се додава во соопштението.