20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност за лекување на пациентите.

„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната од Ковид-19, поткрепено со сè почестите барања на лекарите што се вклучени во третманот на оваа болест за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на „фавипиравир“ за крајните корисници – пациентите“, велат од „Малмед“.

Пациентите ќе може да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот не е одобрен за индикација на лекување на пациенти со Ковид-19, па во таа насока стручните лица апелираат пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување и без препорака од лекар.