17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостиг на кислород

„Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостиг на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи. Филипче за девет месеци од почетокот на епидемијата на коронавирусот покажа и докажа само едно нешто – дека е неспособен и дека не знае да се справи со последиците од корона-кризата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, резултат на неспособноста на Филипче се повеќе од 1.500 починати лица или поточно 1.511 граѓани.

„Македонија во регионот и во Европа по бројот на починати на милион жители е на врвот на листите. Филипче остава секојднево да умираат десетици граѓани. Филипче секој ден завива десетици семејства во црно. Филипче за девет месеци не обезбеди болнички кревети, граѓаните ги остави да чекаат по ходниците, ама и да умираат во ходниците на болниците, ги остави без доволно и без соодветна терапија, нема кислород за болните или се чека по неколку часа, што е погубно за животите на граѓаните. Филипче не се грижи ниту за медицинските лица, од почетокот на епидемијата се без доволно соодветна лична заштитна опрема. И додека се случуваат овие црни сценарија, Филипче и екипата на Заев прогласија кризна состојба, а паралелно тераат и избори во Штип. Трети ден од кризна сотојба нема ни една мерка, која им е намерата – од АРМ да направат агенција за обезбедување?! За сето ова мора да има одговорност – веднаш“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: