23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Грчката армија поставува шатори пред болницата во Солун за прием на пациенти

Грчката армија почна со поставување шатори пред воената болница во Солун, градот што беше најмногу погоден во таа земја во вториот бран на епидемијата на коронавирусот, јавува агенцијата „Франс прес“.

Во шаторите ќе може да се сместат 50-ина болнички кревети, објави Генералштабот на грчката армија.

Покрај тоа, две приватни клиники примаат пациенти заразени со коронавирус во Солун, град со приближно милион жители.

Грчката опозиција ги обвини властите дека не го зголемиле доволно бројот на болнички персонал во последните месеци и дека не презеле мерки против епидемијата на коронавирусот во преполниот јавен превоз.

Премиерот Кирјакос Мицотакис призна дека го потценил опсегот на вториот бран на епидемијата, особено во Солун, каде што претходно требало да бидат преземени соодветни мерки.

Бројот на заразени и мртви од почетокот на ноември зпочна да расте во Грција, каде што е во сила карантин од 7 ноември.

Во таа земја од почетокот на епидемијата починале 1.630 лица, а 91.619 се заразени.

Спонзорирано: