21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кина тестира милиони луѓе и затвора училишта поради неколку случаи на новозаразени

Кинеските власти тестираат милиони луѓе, воведуваат карантини и затвораат училишта кога минатата недела открија неколку локални трансмисии на коронавирус во три града во земјата.

Деновиве се спроведуваат обемни мерки во градовите Танџин, Шангај и Манџули и покрај релативно малиот број потврдени нови случаи на коронавирус во споредба со САД и другите земји каде што се забележуваат нови бранови на зараза.

Многу експерти и владини претставници предупредија дека вирусот е поверојатно да се прошири со студеното време.

Неодамнешните нови жаришта покажаа дека сè уште постои ризик од враќање на вирусот, иако во голема мера е под контрола во Кина.

Националната здравствена комисија пријави две нови локални пренесувања на коронавирусот во Шангај во претходните 24 часа, што е вкупно седум случаи од петокот.

Двата најнови случаја на зараза во Шангај се блиски контакти на работници на аеродромот, каде што беше потврдена зараза од коронавирусот во ноември.

Синоќа, меѓународниот аеродром во градот Пудонг одлучи да ги тестира своите вработени и собра 17.719 примероци до раните утрински часови денеска.

Планирано е да се тестираат други во околните заедници доколку се евидентираат нови случаи на зараза.

Видеа објавени преку социјалните мрежи покажуваат хаотични сцени на аеродромот кога на вработените им биле дадени итни упатства да се тестираат. Се гледаат луѓе додека стојат во големи групи и се туркаат меѓу службените лица во заштитни костими.

Шангај е повеќе селективен во однос на масовното тестирање, насочено кон луѓе поврзани со одредено место, како што е аеродром или болница, наместо да тестира цела населба.

Во Тијанџин здравствените власти собраа повеќе од 2,2 милиона тестирани примероци од жители на округот Бинхај бидејќи минатата недела беа регистрирани пет локално пренесени случаи.

Во Тијанџин властите затворија една градинка и ги преместија сите воспитувачи, семејства и деца во централизирана област во карантин. Тие исто така го затворија станбениот комплекс каде што беа пронајдени тие пет случаи.

Во Манџурија, град со над 200.000 жители, локалните здравствени власти ги тестираат сите жители кога во саботата пријавија два случаја на зараза од коронавирусот. Тие исто така ги затворија сите училишта и јавни места и забранија јавни собири и прослави.

Кина применува груб пристап секогаш кога ќе се забележи локални случаи на пренесување. Заклучува цели населби и тестира милиони луѓе.

Кина евидентирала вкупно 86.442 потврдени случаја на зараза и 4.634 починати од моментот кога вирусот првпат беше забележан во градот Вухан кон крајот на минатата година.