11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По барање на Филипче, инспекциски надзор на ДСЗИ во ГОБ „8 Септември“, од 107 пациенти, 38 се на возраст над 68 години

Министерот за здравство д-р Венко Филипче рано утрово побара од ДСЗИ да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид центарот во таа болница бил вратен поради неговата возраст.

ДСЗИ попладнево го информираше министерот Филипче дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години.

Министерот разговараше и телефонски со д-р Христијан Костов, директор на ГОБ 8 Септември. Според д-р Костов, во моментов во ГОБ 8 Септември, најмладиот ковид пациент е на 20 годишна возраст, а хоспитализирани се и пациенти над 72 години. Костов појаснил дека пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран.

Министерот Филипче потенцира дека хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст. Секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T