24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

Карантин може да се избегне под еден услов, вели челникот на СЗО во Европа

Возможно е да се избегне воведување нови мерки за карантин во Европа, а едно од решенијата за тоа е маски да носат речиси сите граѓани.

Ова го изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција и додаде дека стои зад своето тврдење оти може да се избегне воведување карантин и дека тоа треба да биде последната опција.

„Ако 95 % од граѓаните носат маски, тогаш карантин не би бил потребен“, посочи тој.

Регионалниот директор на СЗО за Европа рече дека основните училишта треба да останат отворени и додаде дека децата и адолесцентите не се поттикнувачи за ширење на вирусот, односно посочи дека затворањето на училиштата не би било ефикасно решение.