16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Бил Гејтс за вакцината против коронавирусот: Очекувам да биде достапна за поголем број луѓе во светот

Основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе на светот, очекува вакцината против коронавирусот да биде достапна за што поголем број луѓе во светот.

Делотворноста на вакцината која е утврдена со тестирање е за него наговестување дека тоа би можело да биде случаи и кај другите вакцини кои се развиваат.

Затоа оценил дека ќе биде полесно да се произведува и дистрибуира вакцина ширум светот, а тоа пред се се однесува на земјите во развој.

„Со оглед на добрите вести од Фајзер и Модерна, мислам дека веројатно АстраЗенека, Новакс и Џонсон и Џонсон вакцините ќе покажат добра делотворност“, изјавил Гејтс на онлај самитот.

Научниците имаат слични очекувања како и Гејтс, пренесува магазинот Бизнис инсајдер.

Ваквата изјава на Гејтс следувала откако Модерна во понеделникот објави дека нивната вакцина е поделотворна од онаа на Фајзер.

Само седум дена претходно од Фајзер и Бајонтек наведоа дека ефикасноста на нивната вакцина изнесува 90 отсто.