24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

Нема нови рестриктивни мерки, комисијата ќе се состане следната недела

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, и д- р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки. Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

Како што денеска посочи министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од 4 лица во текот на 24 часа како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

Претходно во јавноста преку медиуми продтруија информации за нови рестриктивни мерки, меѓутоа засега не се размислува зајакнување на постојните мерки со цел да им се даде шанса на актуелните рестрикции дали ќе вродат со плод.

Вчера Македонија забележа рекордни 1321 заразени од ковид19.